Столтенберг прв меѓународен лидер кој ќе го посети Сунак во Даунинг стрит

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе го прими во Лондон генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тие ќе разговараат за војната во Украина и иднината на одбранбениот сојуз, соопшти кабинетот на Сунак.

Столтенберг е прв меѓународен лидер кој му доаѓа во посета на Сунак во Даунинг стрит.

– НАТО е камен темелник на нашата безбедност и безбедноста на нашите сојузници. Додека војната во Украина и понатаму беснее, домашниот мир не смееме да го земеме здраво за готово, смета британскиот премиер.

Тој е „одлучен Обединетото Кралство да биде темел на НАТО за генерациите кои доаѓаат“.

Сунак неодамна стана британски премиер и нагласи дека Велика Британија ќе ја продолжи нејзината силна поддршка за Украина, по руската инвазија во февруари.

Велика Британија со голем дел допринесува за НАТО, но, јавните финансии се под притисок, пишуваат дел од светските медиуми.

Министерот за одбрана Бен Волас одби да објави дали ќе се држи до планот за вложување од три отсто од БДП во одбраната до 2030 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот