Неприфатливо е Иран да и доставува беспилотни летала и можеби балистички ракети на Русија за нејзината војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Истанбул.
Техеран и Москва го негираат ваквите тврдења. „гледаме дека Иран нуди беспилотни летала и планира да и испорача балистички ракети на Русија“, рече Столтенберг, и додаде дека „тоа е неприфатливо. Ниту една земја не треба да ја поддржува Москва во оваа нелегитимна војна“.
Според Киев, 400 ирански беспилотни летала досега се користени во напади врз украински цивилни објекти, а москва наредила околу 2.000 од нив.
Столтенберг додаде дека рускиот претседател Владимир Путин доживува пораз во Украина, но дека „одговара со поголема бруталност“.