Столтенберг: Нема индикации дека Путин е подготвен за мир

Од:

Ситуацијата на фронтот се уште е исклучително тешка, а намерата на рускиот претседател Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индикации дека е подготвен за мир, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Украина покажа значителна вештина и одлучност да го возврати ударот, одново и одново. Украина не падна за неколку недели, како што стравуваа некои. Украинци, вративте половина од вашата територија што ја освои Русија. Ја истуркавте Русија од големи делови на Црното Море и нанесовте големи загуби на руските сили“, рече Столтенберг во изјавата по повод втората годишнина од рускиот напад врз Украина.

Столтенберг смета дека Путин ја започнал војната затоа што, како што вели генералниот секретар на Алијансата, „сакал да ја затвори вратата на НАТО за Киев и на тој начин да ја спречи Украина да го избере својот пат“, но дека постигнал спротивен ефект бидејќи, како што наведува, Украина е поблиску до НАТО – во од кога било.

Тој посочи дека Украина ќе влезе во НАТО и дека не е прашање дали, туку кога.

„Додека ве подготвуваме за тој ден, НАТО ќе застане покрај вас. За ваша безбедност, но и за нашата“, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Европа го подготвува најрадикалниот потег против Кремљ од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Белата куќа бара план за можно олеснување на санкциите кон Русија, тврди Ројтерс

Катерина Ѓуровски

Песков: Западот се распаѓа, Путин го знае тоа

Путин: Силите за специјални операции се ударната сила на Русија

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски