Столтенберг: Најмалку што може да се направи во Украина е воспоставување хуманитарни коридори

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека воспоставувањето хуманитарни коридори во Украина за евакуации и помош е „мал минимум“ што треба да се направи сега, објави Гардијан пренесувајќи делови од негово интервју за Ројтерс, дадено на маргините на форумот во Турција.

– Минимум е да се воспостават хуманитарни коридори, преку кои ќе можат да излезат и преку кои ќе може да се доставува хуманитарна помош, истакна Столтенберг.

Тој ја оквалификува нуклеарната реторика на рускиот претседател Владимир Путин како „опасна и непромислена“ и повтори дека НАТО нема да испрати војници или авиони во Украина.

Зоната на забранети летови над Украина најверојатно … ќе ја ескалира војната во целосна војна помеѓу НАТО и Русија, посочи Столтенберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин