Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди руските напади врз цивилни објекти во Украина.
„Разговарав со министерот за надворешни работи Димитро Кулеба и ги осудувам страшните и неселективни напади врз цивилната инфраструктура во Украина. НАТО продолжува да го поддржува храбриот украински народ да се бори против агресијата на Кремљ онолку долго колку што е потребно“, напиша Столтенберг на својот Твитер профил.
Околу 75 руски ракети утрово беа испратени на територијата на Украина. Киев беше бомбардиран за прв пат од 26 јуни, а погоден е и Лавов, на запад.