Пакистанските безбедносни сили и полицијата открија денеска таен склад со 100 тони хемикалии за правење на бомби. Складот се наоѓа во градот Квета, во пакистанската провинција Белуџистан, каде дејствуваат припадниците на локалните талибанци.
Полицијата соопшти дека биле пронајдени дури 80 „пити“ експлозивна маса, подготвена за експлодирање, доколку биле врзани со детонатори.
Со денешната акција успеавме да го спасиме градот, а и целата провинција од еден голем бомбашки инцидент-изјави за локалните медиуми претставник на полицијата.
Откривањето на тајното складиште е извршено по спроведената рација, откако полицијата уапси две лица кои со камион пренесувале канти со 15 тони калиум хлорид. Засега не се знае чии се хемикалиите за производство на бомби и екслозивни направи.
Во двете експлозии што се случија во јануари оваа година, одговорноста ја презеде организацијата на локалните сунити Лашкар-е-Џангви. Таа изврши два бомбачки напади врз локалните Хазари од шиитската заедница.
Белуџистан е подолго време поприште на судирања меѓу овие две муслимански заедници, како и на акциите на талибанците и на сепаратистичката армија која се бори за отцепување на провинцијата од Пакистан.