Сто милиони долари месечно за помош на Палестинците

Од:

Арапските држави постигнаа договор за основање фонд од 100 милиони долари месечно за поддршка на администрацијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас во време на економска криза.

Арапските министри за надворешни работи соопштија по состанокот во Доха дека веднаш треба да се примени резолуцијата од арапскиот самит во Багдад за основање фонд од 100 милиони долари месечно.

Во соопштението не е прецизирано како ќе бидат уплатени парите, ниту кој ќе ги даде. Израел и САД се против унапредување на статусот на Палестинците на ниво на набљудувач во Генералното собрание на ОН. Израел реагираше на унапредувањето на статусот со најавување изградба на 3.000 нови домови за евреите на Западниот Брег.

Светска банка и ММФ соопштија во септември дека кризата на палестинската економија ќе се влоши доколку не се зголемат средствата од странство, а Израел да ги намали ограничувањата кои го отежнуваат развојот на палестинската територија.

Палестинските власти минатата недела соопштија дека секој месец се потребни по 240 милиони долари за функционирање на палестинските институции.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја