Сто и дваесет авиокомпании со забрана за летање во ЕУ

Од:

Европската Комисија ја објави најновата црна листа на забранети авиокомпании, вкупно 120 се засегнати, меѓу нив една европска компанија.

ЕК редовно го обновува списокот на забранети авионски компании во рамките на своите политики за безбедност на патниците.

Од 120-те забранети компании, 114 се сертифицирани во 16 држави во кои Европска Унија смета дека национална контрола на летање не ги исполнува потребните безбедносни критериуми, како на пример Авганистан, Конго, Непал или Судан. Во овој список влегува и европска држава овој пат. Станува збор за Молдавија каде ЕУ смета дека „има недостаток на безбедносен надзор од страна на цивилната воздушна власт“.

Останатите шест компании се индивидуални ентитети кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди: „Авиор Ерлајнс“ од Венецуела, иранската „Иран Асеман“, „Ираки Ервејс“,„ Блу Винг“ од Суринам, „Мед Вју Ерлајнс“ од Нигерија и „Ер Зимбабве“.

Дополнителни четири компании се соочуваат со рестрикции на летање, но не и целосна забрана, а тоа се „Афријет“ од Габон, „Ер Корио“ од Северна Кореа, „Иран Ер“ и „Ер Сервис Коморес“.

– Сочувувањето на највисокиот степен на безбедност на европското небо е наш приоритет, списокот на воздушна безбедност на ЕУ останува една од најефикасните алатки за да се постигне ова, порача Виолета Булц, комесарката за транспорт на ЕУ.

Освен што овој список има за цел да ги заштити европските патници од авионски несреќи, тој е исто така алатка за притисок врз земјите и компаниите да ја подобрат безбедноста за да можат да бидат отстранети од црната листа.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Таен прекин на летовите во дел од Русија