Стивен Беркли нов британски министер за Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска го именуваше досегашниот министер за здравство Стивен Беркли за нов министер за Брегзит, на местото на Доминик Раб, кој вчера поднесе оставка.

Портпаролот на британската премиерка рече дека Меј лично ќе ги надгледува последните десетдневни преговори со ЕУ за идниот однос и дека Беркли ќе се фокусира на домашните подготовки за Брегзит и добивање поддршка за нацрт спогодбата во Парламентот.

Раб се повлече од местото министер за Брегзит, а покрај него оставки поднесоа уште неколку министри во знак на протест поради договорот на премиерката Меј со Брисел за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Исто така, поранешниот министер за внатрешни работи Амбер Рад е именуван за министер за труд, бидејќи претходниот поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски