Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

Од:

Во денешното соопштение за медиумите, руското Министерство за надворешни работи го нарече „политизиран“ самитот на Г7 што се одржа во Хирошима, додавајќи дека лидерите на групата Г7 излегоа во јавноста со антируски и антикинески изјави. Москва ја обвинува Г7 за „поткопување на глобалната стабилност“.

Русија жестоко ги критикуваше лидерите на најмоќните светски економии, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак, кои на самитот на Г7 рекоа дека нема да престанат да ја поддржуваат Украина откако Кремљ објави дека руските сили го зазеле градот Бахмут, што Киев го негира.

Руското Министерство за надворешни работи на Телеграм објави дека Г7 е „неповратно изгубена“ и „стана инкубатор на деструктивни иницијативи под водство на англосаксонците“. Во соопштението се обвинува и Г7 за „поттикнување антируска и антикинеска хистерија“.

Да потсетиме, Русија до 2014 година и инвазијата и анексијата на Крим беше членка на тој клуб на индустријализирани демократии, кој тогаш беше познат како Г8.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ