„Стелт“ бомбардерите на САД летаат преку Јужна Кореја

Од:

САД соопштија дека два „стелт“ бомбардери „Б-52“, што можат да носат нуклеарни бомби, денеска летале во мисии на „одвраќање“ преку Јужна Кореја, пркосејќи им на апокалиптичните закани  за одмазда на Севермна Кореја заради оддржувањето на заедничките воени маневри со Југот.

Ангажирањето на „невидливите“  бомбардери претставува јасна и силна порака до Пјонгјанг за американската решеност да ја брани Јужна Кореја против било каков напад од Северот, додека воената напнатост расте со секој изминат ден на Корејскиот полуостров.

Прелетите на бомбардерите во текот на здружените вежби уследија еден ден откако Северна Кореја соопшти дека ги прекина сите линии на воена комуникација со Југот и дека војната може да избие секој момент.

Ден претходно Северот соопшти дека неговите стратегиски ракети и далекуцелна артилерија се ставени во состојба на борбена готовност, имајќи ги за цел воените бази на Гуам, Хаваи и американскиот континент.

Двата бобардери „Б-52“ од воената база Вајтмен, во државата Мисури, летаа на височина од 20.800 метри, во повратен лет „ во една непрекината мисија“, исфрлајќи лажни бомби на цели во Јужна Кореја, соопштуи американската воена команда.

Тоа ја демонстрира способноста на САД да изведуваат далекуцелни, прецизни удари, брзо и кога ќе посакаат, се наведува во соопштението.

Бомбардерите учествуваа во јужнокорејско-американските воени вежби што ја разлутија Северна Кореја и ја наведоа да се закани дека ќе ја преземе втората Корејска војна и дека ќе изведе превентивни нуклеарни удари врз Јужна Кореја и американското копно.

Бомбардерите „Б-52“ се важен елемент на американската трајна и робусна проширена способност на одвраќање, се наведува во американското соопштение.

Претходно денеска американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл на својот јужнокорејски колега му кажа дека Сеул може да се потпре на воената заштита која САД можат да ја понудат, а тоа е нуклеарна, коневнционална и ракетна одбрана.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени