Стела Кириакидис е нов претседател на ПССЕ

Од:

Кипранката Стела Кириакидис од Европската народна партија беше избрана за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа по оставката на нејзиниот сопартиец, Шпанецот Педро Аграмунт на 6 октомври, соопшти прес-центарот на ПССЕ.

Кириакидис беше избрана со големо мнозинство пред Литванецот Емануелис Жингарис во третиот круг од гласањето. Таа ќе остане на функцијата до отворањето на следната редовна сесија во Стразбур, која ќе се одржи од 22 до 26 јануари 2018 година

Стела Кириакидис е родена во Никозија на 10 март 1956 година, а завршила психологија на англиските универзитети во Рединг и Манчестер. Таа работела во кипарското Министерство за здравство, а станала пратеник во 2006 година.

Кириакидис е триесет и првиот претседател на ПССЕ од 1949 година, првиот Кипранец и третата жена на таа позиција.

На 6 октомври Педро Аграмут поднесе оставка, три дена пред гласањето во ПССЕ за негово отстранување поради спорната посета на Сирија.

За време на посетата на Сирија, Аграмут се состана со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска