ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

Од:

По одлуката за суспендирање на правата за претставување на Руската Федерација во Советот на Европа, Парламентарното собрание ќе одржи вонредна пленарна седница во хибриден режим на 14 и 15 март 2022 година на која ќе се расправа за рускиот вооружен напад врз Украина и одговорот на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Состанокот на Постојаниот комитет на Собранието, кој требаше да се одржи на 11 март 2022 година во Берлин, е одложен за подоцна.

Одлуката за суспензија на Русија денеска ја донесе Комитетот на министри на Советот на Европа по размената на мислења со членовите на Собранието на состанокот на Мешовитиот комитет свикан од претседателот на ПССЕ, Тини Кокс. Мешовитиот комитет ги обединува и владините претставници и парламентарците од Советот на Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски