Стејт департментот го осуди убиството на новинарката на Ал Џезеира, Ширен Абу Аклех

Од:

Стејт департментот го осуди убиството на палестинската новинарка Ширен Абу Аклех што вчера се случи за врема на упад на изреалската војска во Западниот Брег и повика на исцрпна и продлабочена истрага, а извршителите да бидат повикани на одговорност.

-Важно е за нас и важно е за светот таа истрага да биде исцрпна, продлабочена и транспарентна, и извршителите да бидат повикани на целосна одговорност, изјави синоќа портпаролот Нед Прајс.

Тој ги повика израеалските власти да извршат истрага за повикување на одговорност на сторителите.

-Израелските власти ги имаат неопходните средства и способност да го направат тоа, изјави тој.

Ширен Абу Аклех беше американско-палестинска репортерка која 25 години работеше за ТВ каналот на арапски јазик Ал Џезеира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина