Стејт департментот го објави годишниот извештај за тероризмот во светот

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес го претстави годишниот извештај за проблемите со териризмот во светот за 2019 година, кој дава анализи и информации поврзани со тероризмот за секоја земја одделно.

Помпео се осврна на успесите на САД во борбата со терористичките групи на Блискиот исток, а околу односите меѓу Израел и Палестина, државниот секретар го искритикува раководството на Палестинците, кое според него „блокира секакви напори од САД за воспоставување дијалог меѓу страните.“

Нејтан Сејлс, раководител на противтерористичкиот оддел во Стејт департментот, на брифинг со новинарите истакна дека САД и партнерите постигнале големи успеси на планот на борбата со меѓународните терористички организации. САД и меѓународната коалиција за борба со Исламската држава лани во март заврши со уништувањето на таканаречениот „калифат“ во Ирак и Сирија, рече Сејлс.

Од Стејт департментот укажаа на низа успеси во борбата со тероризмот, како на пример ликвидацијата на лидерот на Исламска Држава, Абу Бакр ал Багдади лани во октомври.

Во делот за Северна Македонија, извештајот ja нотира соработката на нашата земја во контратерористичките напори на САД како член на Глобалната коалиција за пораз на ИД. Во извештојот се истакнува дека главната терористичка закана за Северна Македонија е „вратените странските терористички борци од Сирија и Ирак“.

„Властите на Северна Македонија оценуваат дека во земјата постои присуство на членови и симпатизери на ИД,“ се вели во извештајот.

Националниот Комитет за екстремистички и терористички противдејства оценува дека 156 државјани на Северна Македонија се придружиле на терористички групи од Сирија и Ирак. Од вкупниот број, 36 борци биле убиени, 37 останале во регионот, а 83 се вратиле во земјата.

Се наведува дека властите на нашата земја имаат информации за неутврден број на членови на семејства на џихадисти кои живеат во бегалски кампови во Сирија.

 

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски