Стејт департмент: Руските напади во Сирија не менуваат задачи на коалицијата предводена од САД против ИД

Од:

Руските воздушни удари во Сирија на никаков начин не ги менуваат задачите на коалицијата предводена од САД против Исламска држава, соопшти Стејт департментот.

– Бевме јасни, и државниот секретар е јасен: Тие руски акции нема да ги променат на никаков начин мисиите на САД и коалицијата против Исламска држава, изјави Џон Кирби, портпарол на Стејт департментот.

Државниот секретар Џон Кери навел во телефонски разговор со рускиот минстер за надворешни работи Сергеј Лавров дека воздушните удари на Русија во Сирија се контрапродуктивни, изјави американски официјален претставник. Пораката на Кери беше дека воздушните удари на Русија пречат на напорите да се избегне воен инцидент меѓу авиони од армиите на различни држави и дека се контрапродуктивни, наведуваат западни медиуми цитирајќи американски претставник во ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак