Став на Москва за нападот на болницата во Газа: Злосторство против човештвото

Од:

Од Русија пристигнуваат осудувачки пораки во врска со нападот на болницата во кој загинаа стотици цивили.

Ракетниот напад врз болницата во Појасот Газа е злосторство против човештвото, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Бројот на жртвите е огромен, ескалацијата отиде далеку од границите на регионот. Тоа е глобална хуманитарна катастрофа на глобално ниво – рече таа.

Како што вели, ситуацијата на Блискиот Исток драматично се развива и добива огромен замав.

Захарова ги повика Израел и неговите американски партнери да обезбедат сателитски снимки за да докажат дека не биле вклучени во нападот на болницата.

Би можело да ве интересира

Израелската војска објави снимка: Тунел исполнет со тела на убиени членови на Хамас

Предраг Петровиќ

Русија во ОН: Итно прекинување на насилството врз цивилите на Блискиот Исток

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он

471 Палестинец загина, 314 се ранети во напад на болница во Газа

Горан Наумовски

Бајден: Изгледа дека нападот врз болницата го извршила друга страна, а не Израел

(ВИДЕО) Бајден пристигна во Израел