Староседелците во Лондон бараат да им биде признат јазикот

Од:

Во главниот град на Британија, Лондон во кој се зборува на 126 јазици, староседелците бараат и нивниот „кокни“ да биде признат со другите официјално.

Искористувајќи го зголеменото присуство на новинарите поради Олимписките игри, тие организираа акција за да им ја раскажат својата приказна на јавноста, ги земеаа новинарите и ги однесоа во нивниот крај. Таму им ја раскажуваа својата историја, традиција им ги понуија своите јадења, јагула во желе и пита со месо и ги вратија назад. Тие со години го негуваат својот сленг, еден од најпознатите во Лондон и побраа светот тоа да го знае.

По традиција, секој кој е роден во срцето на средновековниот Лондон, т.е. се додека стига звукот на ѕвоното од црквата „Света Мариа ле Бу“ е кокнот. Лингвистите велат дека името доаѓа од зборот поврзан со легендата за „петловото јајце“ и во суштина означува нешто мало, со невообичаена форма, симболично пренесено за човек кој не се вклопува во општеството.

Освен што се разликуваат со нивните карактерни особини, јазикот на кокните се одликува со специфичен акцент, издолжени самогласки, бесчујно „х“, како и употреба на посебно римување при зборувањето.

Кокневската традиција е поврзана со заедницата на луѓе кои живеат во источниот крај на Лондон, но не се во голем број бидејќи во Втората светска војна, илјадници куќи им беа уништени и голем број од нив загинаа во нацистичките бомбашки напади.

Оваа област по Втората светска војна стана магнет за новодојденците поради неговата близина до градските брегови. Крајот денес е алузија на класичен културен мозаик, каде што традиционалните пабови се комбинирани со ресторани, уметнички галерии и пазарчиња со овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство

(ВИДЕО) Десничарски хулигани упаднаа и запалиjа хотел со баратели на азил во Англија

A1on

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ