Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека не е целосно изненаден од „очигледното отфрлање“ на предлогот за 30-дневен прекин на огнот со Украина од страна на Русија и ги повика сојузниците да ги засилат напорите за притисок врз Москва и да и понудат на Украина безбедносни гаранции кои, како што рече, ќе ја заштитат од амбициите на рускиот претседател Владимир Путин.

„Воопшто не ме чуди што Русија ја зазема оваа позиција. Тие беа прилично јасни. Знаеме дека Путин има амбиции кои едвај се кријат. Ако договорот не биде заштитен со безбедносни гаранции, Путин ќе го прекрши, рече Стармер.

Тој оцени дека е постигнат напредок во преговорите меѓу делегациите на САД и Украина во вторникот во Саудиска Арабија, кои „ја префрлија топката на теренот на Русија“, правејќи „притисок врз Москва“.

Би можело да ве интересира

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

(ВИДЕО) Поранешен директор на ЦИА: Украина е воена лабораторија на 21 век

Бескрестнов: Украина ќе ги зголеми нападите врз Русија на 1.000 дневно

Кушнер: Трамп е решен да види крај на војната меѓу Русија и Украина

Обединетите нации објавија карта на која Крим не е дел од Украина

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски