Стармер им порача на земјите од ЕУ да ја засилат поддршката за Украина

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер ја повика Европската унија да ги „засили“ напорите за поддршка на Украина пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел за европската одбрана и зајакнување на одбранбените капацитети.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неколку часа пред состанокот на 27-те претседатели и премиери на ЕУ, Стармер разговараше за идеите за нов безбедносен пакт по Брегзит со европскиот блок.

„Мирот ќе дојде преку сила и ние мора да направиме се што можеме за да ја поддржиме одбраната на Украина. Тоа значи стабилизирање на линијата на фронтот, обезбедување опрема и обука што им е потребна. И затоа оваа година Велика Британија ќе обезбеди повеќе воена поддршка за Украина од кога било порано“, рече Стармер, пренесува Политико.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

Дмитриев: Киев сфати дека ќе добие гаранции од САД по повлекувањето на Украина од Донбас

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов