Старџен официјално побара од Лондон дозвола за референдум за независност на Шкотска

Од:

Шкотската прва министерка Никола Страџен денеска официјално побара од британската премиерка Тереза Меј да дозволи организирање втор референдум за независност на Шкотска, пред завршување на процесот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Шкотските власти го актуализираа прашањето за нов референдум за незвисност, откако на изјаснувањето за Брегзит минатата година, големо мнозинство од жителите на Шкотска беа за останување на земјата во ЕУ, иако на ниво на цела Велика Британија мнозинството гласачи се изјаснија за излез од Унијата.

Барањето на Старџен успеди откако шкотскиот Парламент во вторникот се изјасни за одржување нов референдум за незвисност во есента 2018 или на почетокот на 2019 година.

Согласно британското законодавство, ваквата одлука на шкотскиот Парламнет треба да ја одобри Владата во Лондон, кој уште претхоно најави дека е против нов референдум за независност на Шкотска, по оној во 2014 година кога над 55 проценти од гласачите се изјаснија за останување на покраината во рамките на Обединетото Кралство.

Шкотската Влада, предводена од сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) на Старџен, меѓутоа тврди дека по изгласувањето на Брегзитот, состојбата е драстично променета, бидејќи Шкотланѓаните сакаат да останат во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on