Старџен ја обвини Меј за создавање „отровна атмосфера“ пред преговорите за Брегзит

Од:

Првата министерка на Шкотска и лидерка на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен ја обвини британската премиерка Тереза Меј дека создава „отровна атмосфера“ пред почетокот на преговорите за Брегзит.

Во реакцијата на обвинувањата на британската премиерка кон ЕУ, за тоа дека Брисел наводно се меша во изборите во Велика Британија, Старџен тврди дека станува збор за „крајно неодговорно“ однесување.

– На Британија сега и е потребен успешен Брегзит, колку што е можно повеќе, а наместо тоа премиерката Меј создава атмосфера полна со отров и расправии, што го прави само за свои партиски потреби, рече Старџен во Единбург.

Според шкотската прва министерка, самото закажување на предвремените избори во „невреме“ и пред почетокот на преговорите за Брегзит, претставува одлука мотивирана исклучиво за потребите на Конзервативната партија.

– Сегашното гласање за нов Парламент, коа е потребен договор за преговрите за Брегзит, не е во интерес на државата, а кога на тоа ќе се додаде и една ваква воинствена кампања од страна на лидерката на ториевците, тогаш е јасно дека најновиве случувања се целосно во спротивност со интересите на Британија, смета Старџен.

Меј покрена остра и „недипломатска“ расправија со ЕУ и со „бирократите во Брисел“, обвинувајќи ги и „континенталните“ весници дека намерно го заоструваат односот кон Велика Британија за да влијаат врз резултатот на изборите од 8 јуни.

Ваквата постапка ја осудија сите британски опозициски партии, обаснувајќи дека тоа може да му наштети на претстојниот преговарачки процес.

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин обвинувањето кон ЕУ го оквалификува како „партиски игри“ за изборни цели.

– Брегзит е премногу значаен за да се користи за партиски цели и за потребите на Меј да ја обедини својата партија во изборната кампања, изјави Корбин.

Поранешниот заменик премиер и екс-лидер на партијата Либерални демократи, Ник Клег оцени дека „нерзбирливите“ обвинувања кон ЕУ претставуваат „очајнички обид“ на Меј за користење на Брегзит за потребите на кампањата.

Со обвинување се огласи и евроскептичната Партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) која и ја покрена целата антиевропска хистерија. Претставник на партијата изјави дека со „своето однесување, Меј „прави се што може да се добијат најтешките можни услови за Брегзит.

Според Би-Би-Си, острата реторика на Меј и обвинувањата кон Брисел се пример за „груба дипломатија“ и знак дека Брегзит ќе биде главната тема за кампањата на ториевците за овие избори.

Телевизија Скај, пак, е загрижена за тоа дали преговорите за излез на на Велика Британија од ЕУ пропаднале уште пред да почнат.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on