Стапката на доверба во вакцинацијата бележи благо подобрување во ЕУ

Од:

Стапката на доверба во вакцинацијата бележи благо подобрување во ЕУ, но со големи разлики помеѓу земјите.

Ова се наодите на третиот извештај за состојбата на довербата во вакцините во ЕУ што го објавува Европската комисија.

Во просек во ЕУ 81,5 отсто од луѓето изјавиле дека вакцините се важни, 85,6 отсто дека се ефикасни, и 82,3 отсто дека се безбедни. Со ова стапката на доверба во вакцините се враќа на своето ниво од пред пандемијата од Ковид-19.

Но, освен диспаритет меѓу земјите членки се забележува и генерациски јаз. Па така, младите помеѓу 18 и 34 годишна возраст изгубиле доверба во вакцините после пандемијата во споредба со 2018 година, додека постарите, над 65 годишна возраст, имаат поголема доверба.

За еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, ова значи дека ЕУ треба да извлече поуки.

-Извештајот покажува колку брзо се менува довербата и колку многу фактори влијаат. Подобрувањето на довербата во вакцините пред пандемијата беше резултат на заеднички напор во ЕУ. Мораме да извлечеме поуки од пандемијата и да ги здружиме сили за да ги разбереме бариерите и со тоа да го затвориме јазот во довербата во вакцинацијата, рече Кириакидес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски