Стапија во сила санкциите на ЕУ за Хезболах

Од:

Санкциите на Европската унија за военото крило на Хезболах денеска стапија во сила, по објавувањето во Службениот весник на ЕУ.

На црната листа на ЕУ на физички и правни лица и групи, кои се сметаат за терористички, додадена е и групата „Воено крило на Хезболах“.

Одлуката беше донесена на 22 јули од министрите за надворешни работи на ЕУ. Со тоа се замрзнуваат банкарските сметки во ЕУ на групата, како и тоа дека се заоструваат критериумите за влез на членовите на Хезболах во Европа.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски