Стапија во сила новите санкции на ЕУ кон Русија

Од:

Во Службениот весник на Европската унија денеска е објавена уредба со кој официјално стапуваат во сила новите санкции на Унијата кон Русија, кои првенствено се насочени кон економската сфера и со нив се опфатени и водечките руски енергетки гиганти како „Росњефт“ „Трасњефт“ и „Газпром њефт“.

Во документот се посочува дека новите мерки се однесуваат на замрзнување на финансиски средства и економски ресурси на лица одговорни за активна поддршка на активности или политики со кои се поткопуваат или загрозуваат територијалната целовитост, суверенитетот и независноста на Украина, стабилноста или безбедноста на земјата или со кои се попречува работата на меѓународните организации во оваа држава.

Со санкциите се опфатени и правни лица и институции кои материјално или финансиски придонесуваат за поткупување и загрозување на територијалната целовитост, суверенитетот и независноста на Украина.

Покрај правни и физички лица од Русија, санкциите се однесуваат и на лидери на сепаратистите од украинските региони Доњецк и Луганск.

Со цел да се изврши притисок врз руската Влада потребно е да се применат дополнителни ограничувања на пристапот до пазарот на капитал за одредени финансиски институции со исклучок на телата со меѓународен статус формирани во согласност со меѓународни договори со Русија, се наведува во документот.

Новите санкции првенствено се насочени кон продажбата и транспортот на нафта и нафтени деривати како и кон продажбата, дистрибуцијата, транспортот и извозот на стоки и технологии со двојна намена. Со овие санкции меѓутоа не се опфатени секторот за вселенска индустрија и нуклеарна енергија, како и цивилното воздухопловство.

Новите санкции забрануваат ЕУ директно или индиректно да доделува нови кредити или пак да учествува во склучување на договори за исплата на кредити на сите правни лица или институции вклучени во списокот на санкционирани.

На новата листа на компании кон кои се однесуваат санкциите се додадени уште 12 руски фирмии, меѓу кои и „Калашников“ како и 24 физички лица. Меѓу нив се лидерите на сепаратистите од реонот на Донбас, Алексанар Захарченко и Генади Ципкалов, потпретседателот на рускиот Совет на Федерацијата, Јуриј Воробов и членот на руската Дума, Владимир Жириновски.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски