Стапи на сила забраната за пластични сламки и лажички во Британија

Од:

Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи денеска на сила во Велика Британија.

Оваа одлука првично требаше да почне да се применува во април, а според неа продажбата на тие артикли е ставена надвор од законот.

Се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши, пренесува Би-би-си.

Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година