Стано: Трендот во однос на усогласувањето на Србија со ЕУ-санкциите е разочарувачки

Од:

Србија треба да се усогласи со сите рестриктивни мерки на ЕУ против трети земји, вклучително и против Иран.

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, денеска рече трендот на усогласување во Србија е разочарувачки. Ова вчера беше забележано и во заклучоците на министерскиот состанок за општи работи на ЕУ.

Што се однесува до санкциите против Иран, Србија има сѐ уште време бидејќи последните санкции беа објавени во понеделникот само.

-Земјите имаат одреден период да се усогласат, последните санкции се објавени во понеделникот, потсети Стано.

Тој додаде дека не може сѐ уште да коментира за санкциите на Србија против Иран, но дека сите информации навремено се објавуваат на веб сајтот на Советот на ЕУ, штом земјите се усогласат.

Сите земји од проширувањето се очекува да ги усвојат истите санкции против трети земји како ЕУ. Србија нема санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски