Средба на Сергеј Лавров со лидерот на сириската опозиција

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска на маргините на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен се средба со лидерот на сириската опзиција Ахмад Муаз ал Хатиб.

По средбата, Хатиб изјави дека добил „јасна покана“ да ја посети Москва, што според политичките аналитичари, може да значи напредок во односите меѓу двете страни и да придонесе за побрзо решавање на кризата во Сирија.

– Русија има свои ставови, но ние ги поздравуваме нејзините напори за решавање на кризата. Има многу детали за кои треба да се разговара, изјави Хатиб.

Ова е прва средба на шефот на руската дипломатија со Хатиб од неговиот избор за лидер на опозициската Сириска национална колаиција кон крајот на 2012 година.

На разговорите Лавров-Хатиб им претходеа средби на рускиот министер за надворешни работи со американскиот потпретседател Џо Бајден и со пратеникот на ОН и на АРапската лига за Сирија, Лахдар Брахими.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ