Средба на Дејвид Камерон со директорите на британските безбедносни агенции

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон се сретна денеска во Лондон, со директорите на безбедносните и на разузнавачките агенции, со кои разговараше за состојбата околу терористичките закани во Велика Британија.

Специјалната средба се одржа по јавно изразените стравувања во домашната јавност дека Британија би можела да биде жртва на терористички напад,сличен на оној во Париз, кога во нападите на три различни локации, исламистички екстремисти убија 17 лица, а други 12 беа повредени.

Десетмина од убиените беа каркатуристи и новинари на сатиричното списание „Шарли ебдо“ тројца полицајци, а четворица беа француски Евреи, кои беа застрелани во еден супермаркет за кошер храна.

На средбаата на камерон и безбедносните директори е постигната согласност при обуките и вежбите што редовно се спорведуваат во Велика Британија, да се користи искуството од француските случувања кои би помогнале за изградбата на систем на обука за одбрана од она што се случи во Париз.

Заканата од терористички напад на британска територија останува голема, но засега степенот на тревогата не се подигнува на критично ниво, кога нападот треба да се очекува секој момент.

По состанокот, премиерот Камерон на својата страница на Твитер изјави дека се расправало околу обезбедувањето на соодветна заштита за Велика Британија од терористичката закана.

Претставник на Даунинг стрит 10 подоцна рече дека Камерон побара од полицијата и војската да работат заедно за тоа полицијата да може да побара и да добие помош,или подршка од воените сили кога тоа че биде потребно.

На средбата на премерот и безбедносите диркетори станало збор и за употребата на оружјето од полицијата и за интензивирање на соработката на британските служби со странските, околу блокирањето на шверцот на оружје преку границите во Европа.

Претставникот на кабинетот на Камерон во Даунинг стрит 10 потврди дека е постигната согласност и за давањето поголеми овластувања за безбедносните служби во пресретнувањето и ловењето на комуникацијата на осомничените за тероризам.

Претходно, британските либерални демократи, кои се партнер во коалициската влада на премиерот Дејвид Камерон се спротувставија на една ваква мерка,инсистирајќи на почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство