Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска се сретна со граѓани разочарани од влошената безбедносна ситуација и бавноста на градежните проекти.
Жител на североисточната провинција Бадахшан ја обвини Владата за влошената безбедносна состојба во округот Вардуџ, каде често има судири меѓу армијата и бунтовниците.
На средбата во претседателската палата во Кабул, која во живо се пренесуваше на телевизија, присуствуваа луѓе од различни делови на Авганистан, кои беа заинтересирани за изградба на патиштата, водовод и училишта.
Карзаи се сретна и со племенските старешини.