Косовската полиција во Звечан го уапси М.Р. (2004) за упатување закани кон премиерот на Косово, Албин Курти. Уапсениот се заканувал преку социјалните мрежи, а по наредба на обвинителот му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Како што јавија медиумите во Приштина, при претрес во станот на осомничениот било пронајдено и одземено нелегално ловечко оружје.
Порталот Репортери наведува дека М.Р. е уапсен за наводно кривично дело заплашување откако преку социјалните мрежи упатувал закани кон Курти како и закани со насилство во име на групата наречена „Северна бригада“.