Спротиставени информации за уривањето на египетскиот Ербас А320

Од:

Причините за несреќата на „Ербасот А320“ на авиокомпанијата „Иџипт Ер“, кој со 56 патници, од кои 15 француски државјани, и 10 членови на екипажот, на 19 мај се урна во источниот дел на Средозменото Море, и натаму остануваат непозанти.

Ден по несреќата египетската Влада ја објави тезата дека авионот бил цел на напад, но досега ниту една организација не презеде одговорност за евентуален напад.

Од друга страна, воздухопловните власти повеќе се наконети на тезата дека станува збор за технички проблем на авионот.

Според француската националната телевизија Франс 3, како што јави дописникот на МИА од Париз, „Ербасот“ бил принуден три пати да се врати и да слета принудно во последните 24 часа пред несреќата. 

Според телевизијата, системите за тревога сигнализирале проблеми на авионот, кои биле пријавени на трите аеродроми каде „Ербасот“ слетал, по што наводно биле извршени контроли на авионот, но не биле пронајдени никакави дефекти и тој продолжил со летовите.

Ваквата информација меѓутоа е демантирана од повеќе извори.

Претставник на компанијата производител на авионот, „Ербас“ за „Фигаро“ тврди дека не добиле никаков знак за ларм од леталото на „Иџипт Ер“. Кога на еден авион ќе биде забележан проблем, тој е прикован на пистата се додека не биде најден дфектот, посебно по ургентно слетување, вели истиот извор.

Одговорот е можеби во црните кутии на „Ербасот А320“, чиј сигнал бил забележан од опремата инсталирана на воени бродови, кои се во потрага на авионот. Зоната на пребарување во Средоземното Море сега е сведена од пет на два километри, но според францускиот министер за транспорт Алан Видалис ќе бидат потребни околу осум дена за да се најдат и извадат црните кутии.
Црните кутии вообичаено емитуваат сигнали четири до пет недели по падот на авионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува