Холандија спречила руски хакерски напад врз ОЗХО

Од:

Воената разузнавачка служба на Холандија спречила руски хакерски напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје, изјави на прес-конференција холандската министерка за одбрана, Анк Бејлевелд.

Министерката за одбрана рече дека четворица Руси се протерани од Холандија, за кои постои сомневање дека извршиле хакерски напад врз ОЗХО.

Осомничените за нападот имале дипломатски пасоши.

Русите, наводно, сакале да дојдат до досиеја за истрагата за падот на авионот МХ-17 во Донбас во 2017 година.

Според неа, нападите биле извршени во април од руското разузнавање ГРУ. Еден лаптоп што бил сопственост на протераните, бил поврзан со Бразил, Швајцарија и Малезија. Податоците во него се однесувале за истрагата за катастрофата на летот МХ-17 на Малејжа ерјалнс кој беше соборен од ракета над источна Украина.

Постојаното претставништво на Русија во ОЗХО не ги коменираше наводите на министерката за одрбана на Холандија.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата