Спречен обид за напад врз фински министер

Од:

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж“ врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.

Полицијата во соопштението не посочи за кој министер станува збор, но според локалните медиуми, цел на нападот бип шефот на финската дипломатија, Тимо Соини.

– Врз основа на првичните информации, опасен и агресивен маж се обидел да му пријде на министерот на изборен собир на локалниот пазар во (градот) Вантаи, се наведува во полициското соопштение.

Мажот, кој бил онеспособен од полицајците, бил облечен во црна кошула со натпис „Војници на Один“, но нема информации дали бил вооружен.

„Војници на Один“ е десничарска организација позната по своите антимигрантски ставови.

Портпаролот на Соини одби да ги коментира ваквите информации.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски