Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Од:

Полицијата во Киргистан уапси седум лица осомничени дека планирале да организираат масовни немири за соборување на владата пред локалните избори во недела, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Уапсените, како што се наведува, биле осомничени дека имале намера да го искористат одржувањето на спортски и други натпревари за поттикнување немири во главниот град Бишкек, пренесе Ројтерс.

„Под превезот на национални спортски игри имаа намера да повикуваат на акти на насилство, да упатуваат неуставни повици и да ја дестабилизираат ситуацијата за натамошно насилно преземање на власта на 17 ноември“, соопшти Министерството.

Меѓу приведените има и неколку странски државјани, како и поранешниот заменик генерален обвинител.

Полицијата соопшти дека властите заплениле оружје и муниција од наводните демонстранти, како и 1.000 шишиња вотка.

Во Киргистан на 17 ноември се одржуваат локални избори во неколку области.

Русија, која има воена база во близина на Бишкек, денеска објави дека е во постојан контакт со своите колеги во Киргистан во врска со безбедносната ситуација.

Во последниве години, Киргистан, поранешна советска држава со околу седум милиони жители, лоцирана меѓу Кина и Казахстан, постојано доживеа граѓански немири, последен пат во 2020 година по спорните парламентарни избори, за кои западните набљудувачи велат дека биле нарушени со купување гласови, што на крајот доведе до оставка на тогашниот претседател Суронбаи Женбеков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Вучиќ до странците кои му предлагале преодна влада: Ниту таква ниту експертска, само српска влада ќе постои

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда