Спречен атентат врз Венс: Полицијата откри докази за сериозни закани

Од:

Федерална голема порота подигна обвинение против 33-годишен маж од Охајо за закана дека ќе го убие потпретседателот на САД Џ.Д. Венс за време на неговата посета на државата во јануари.

Според соопштението на Министерството за правда на САД, Шенон Матре од Толедо е обвинет за закана дека ќе го убие и ќе му нанесе телесни повреди на потпретседателот на САД, објави Ројтерс.

Во обвинението се наведува дека Матре рекол дека ќе открие каде е Венс и ќе го убие со автоматско оружје.

Матре е уапсен од агенти на американската тајна служба. Министерството за правда на САД соопшти дека федералните агенти откриja повеќе досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца во сопственост на Матре за време на истрагата. Обвинетиот се појавил пред федерален магистрат судија за Северниот округ на Охајо и останува во притвор до рочиштето закажано за 11 февруари. Доколку биде осуден, Матре се соочува со максимална казна од пет години затвор и парична казна до 250.000 долари.

По обвинението за поседување материјал со сексуална злоупотреба на деца, тој се соочува со затворска казна до 20 години и дополнителна парична казна до 250.000 долари.

Би можело да ве интересира

Венс: Нема шанси да влеземе во уште една повеќегодишна војна на Блискиот Исток

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Венс: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обновува својата нуклеарна програма

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Горан Наумовски