Способност за заборавање

Од:

Дали би сакале да напишете дигитална автобиографија? Или сакате понекогаш нешто и да заборавите.

Секој во животот барем сто пати заборавил нешто. Многу често, последицата од заборавњето во најмала рака била непријатна, меѓутоа има и такви примери кои го слават токму овој невро-процес за чие благодарение сме во состојба да надминеме одредени непријатни искуства.

Кога би постоел уред кој би го забележувал секој момент од вашиот живот, а по потреба можете да го активирате и на аудио и визуелен начин да се потсетите на некој сегмент од животот, дали би сакале да го имате? Или и понатаму многу гордо заборавате делови од своето минато? Брзиот технолошки развој и растечката дигитална неписменост лесно не фрла во сенка на овој избор.

Lifelogging

Зборот кој наскоро ќе стане составен дел и од српскиот вокабулар life-logging, претставува процес на континуирано собирање на физиолошки податоци. Првиот експеримент од овој тип го направи, а воедно е и творец на изразот, Стив Ман професор од Универзитетот во Торонто, кој уште како студент на Универзитетот МИТ во 1994 година почнал на себе да носи безжична камера и така да пренесува направени снимки во живо на интернет.

Гордон Бел, истражувач во „Мајкрософт“ во 1998 година почнал сличен процес собирајќи што е можно повеќе дигитални податоци за сопствениот живот за да успее да креира архива на своите сеќавања која потоа ќе може да ја истражува. Бел дури напишал и книга „Total Recall“, во која ја бранел тезата дека каталошкиот пристап на сопствената меморија може да ги унапреди животите на луѓето, а тоа секако наскоро ќе стане многу вообичаена работа за секој поединец.

За среќа или не, се уште не сме стигнале до тој момент но лесно се движиме во тој правец. Паметните телефони кои се во широка употреба, а кои поседуваат камери и апликации кои даваат безброј можности речиси во секој момент да се логирате и на некој начин да поделите со кого сакате некој момент во кој се наоѓате, стануваат се подостапни и поефтини.

Моментално во употреба се апликации и life-logging уреди како што се Автографер, Наратив клип, исклучително мали камери кои ги закачувате на сиџирче околу вратот, но и апликации и уреди кои собираат бесконечно многу физиолошки податоци за секојдневното движење и активности како што се фитбит ракавици и часовници, гугл очила, мајлајфбитс, итн.

Искуството на еден лајф-логер

Застрашувачки се чини глетката на човек или жена кои седат во фотеља и го прелистуваат на таблет својот поранешен живот, оптоварени со тривијални детали, на пример од ланскиот летен одмор или последниот деловен состанок, не водејќи сметка за суштината на потребата за физички и психички одмор или стратешки добро завршена работа. Еден од ретките луѓе кој може да зборува навистина за тоа како изгледа кога сте во можност да го прелистувате речиси секој момент од претходниот живот, е Гордон Бел кој денес има 79 години и понатаму е почесен истражувач во истражувачкиот центар на „Мајкрософт“ во Сан Франциско.

Како дел од проектот кој се вика „Моите животни битови“ (MyLifeBits), Бел архивирал колку што можел податоци од сопствениот секојдневен живот, освен конверзации кои правно можеле да бидат спорни, во период од 1998 до 2007 година. Бел непрекинато ја проширувал архивата која ја креирал скенирајќи ги сите свои фотографии, книги, дури собирал и база од своите меилови и други куси пораки, СМС, скајп и слично. Носел околу вратот и преносна мини камера SenseCam снимајќи ги визуелно сите детали и места на кои се движел.

И по завршувањето на проектот MyLifeBits во 2007 година, Бел продолжил да собира податоци. Неодамна имал операција на бубрегот која исто така комплетно ја снимил, а од здравствени причини почнал да носи часовник кој константно мери најразлични параметри од неговата здравствена состојба, па така си овозможил нормален живот.

И по 15 години колку што константно бил логиран на некој уред кој ја снимал неговата стварност, Бел се уште мисли дека дигиталната евиденција е многу корисна и не гледа ниту една причина зошто луѓето би се ограничувале само на својата нестабилна меморија. Во еден од разговорите со медиумите, изјавил дека се чувствува многу посигурно откако дигитално го следи својот живот и дека кога сака да се потсети, тоа сака да биде вистински темелено на факти, без емотивни и други спонтани искривувања на своето минато, што е особина која ги краси речиси сите луѓе.

Технологијата која денес Бел ја користи му овозможува многу едноставно да пребарува податоци преку својот компјутер.

Податоците ги поделил во два фолдера приватен и професионален, како и во две категории активна и архивска. Секој податок му е обележен со име и мета-податок кој карактеризира некој детал како што е на пример кој се наоѓа на фотографијата или што документира тој податок. Она што признава дека се уште го загрижува е фактот дека сме далеку од најдобриот начин на организација и пребарување на дигиталната меморија.

Ако погледнете на својот пример како ви се организирани фолдерите за фотографии на телефонот или на компјутерот, ќе сфатите на што мислел Бил: тоа главно се некои несредени полиња на спомени отколку организирана колекција на сеќавања. Ќе биде потребно уште многу дизајнерска работа и компјутерска визија пред уредите кои го бележат секој момент од животот да станат прикладни за масовно користење.

Убавината на заборавањето

Без оглед на тоа колку комотна би била таа нова технологија на укинување на заборавањето, самиот процес на истиот е многу често покорисен отколку што е памтењето.

Анинд Деи, професор соработник на одделението за интеракција на човекот и компјутерот на „Карнеги Мелон“ Универзитетот, ја проучува предноста на лајфлогингот кај пациенти кои боледуваат од Алцхајмерова болест, како и тоа како оваа алатка може да помогне на луѓе со одреден вид на аутизам.

Меѓутоа, надвор од оваа директна примена Деи не гледа како овие уреди би станале широко популарни и тоа пред се поради начинот на кој луѓето размислуваат: кога ќе се сетите на некој лош настан од животот, во својата глава главно го правите поубав за да го поднесете полесно, а ако не го направите тоа, ќе бидете по несреќни.

Професорот Бел нашол решение за ваквите податоци, па во својата архива ги сместува во фолдер кој се вика – никогаш не гледај, заборави на ова. Меѓутоа, тој и натаму смета дека и овие несакани податоци исто така можат да бидат важни, ако за ништо друго, тогаш барем можете да ги дадете на својот терапевт.

Значи, за да дојдеме во состојба од која однапред се гадиме, а тоа е нашата комплетна меморија да ни биде на дофат на рака во секој момент и едноставно повторно да ја активираме, прво ќе мораме да го промениме начинот на размислување, а потоа спонтано да го промениме и односот кон оваа нова појава со странско име лајфлогинг. До тогаш, да уживаме во сите моменти на заборавањето, наскоро таквиот процес веројатно ќе биде невозможен.

Елементариум

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска