Спор напредок во преговорите во Авганистан

Од:

Речиси две недели по потпишувањето на договорот меѓу САД и талибанците, што треба да ја отвори вратата за преговори во Авганистан, има малку знаци за напредок, јави ДПА.

Кабинетот на авганистанскиот Совет за национална безбедност соопшти дека шестчлената владина делегација, испратена во Катар еден ден пред потпишувањето на договорот, се вратила во Кабул.

Не се споменуваше средба на таа делегација со претставници на талибанците, кои имаат канцеларија во Доха. Делегацијата требаше да ги подготви преговорите.

Владата претходно наведе за ДПА дека делегацијата е во мирување и не се состанала со талибанците. Во соопштението се вели дека е планирано испраќање нова делегација.

При пристигнувањето во Кабул, авганистанскиот советник за национална безбедност, Хамдулах Мохиб, рече дека „Авганистан ќе ја задржи својата позиција на активна одбрана ако талибанците не престанат со својата насилна агресија“.

Главниот преговарач на САД, Залмај Халилзад, исто така, рече дека талибанците се пренасилни откако со договорот се согласија да го намалат насилството.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација