Омилената британска принцеза Дајана, добила уште еден споменик, овој пат во австриската престолнина Виена.
Споменикот се состои од спомен-плоча и биста на популарната принцеза, а е сочинета од ексклузивен јужнотиролски мермер кој спаѓа меѓу најдрагоцените видови од бел камен.
Според зборовите на уметникот кој ја изработил статуата, Волфганг Карнутшц, бил голем предизвик не само да ја пренесе исклучителната убавина, туку и посебната харизма со која принцезата зрачела.
Целиот проект го покренал австрискиот новинар Евалд Вурцингер, која одамна била негова желба да ѝ одаде почест на исклучителната личност која ѝ покрај своето богатство и популарност останала и понатаму приземјена.