Спасувачките екипи ја интензивираа потрагата по преживеаните работници во урнатата фабрика во Лахоре, откако слушнале гласови и повици за помош, додека го расчистувале теренот.
Најмалку 20 лица загинаа, кога вчера се урна една фабрика за производство на пластични кеси, одалечена дваесетина километри од овој пакистански град.
Спасувачите досега испеале да извлечат живи, 98 лица кои останале заробени во шутот и остатоците од тули, малтер, бетон и железо во трикатната зграда.Повеќе од нив биле префрлени во локалните болници на лекување.
Бројот на оние кои се уште се заробени во урнатите и бараат помош, не е познат, но луѓето кои работат на нивното спасување, претпоставуваат дека станива збор за неколку десетици работници.
Во моментот на уривањето, на двата ката на фабриката се произведувале кесите, додека третиот кат и покривот се уште се граделе.
Пакистанските власти не знаат колку лица имало во фабриката во моментот кога таа се урнала.Според едни извори, во тој момент работеле 200, а според други, имало околу 150 работници.
Засега не се знаат ниту причините за оваа несреќа, но не е тајна дека градежните стандарди во Пакистан се далеку под меѓународните прописи.
Медиумите во Лахоре веруваат дека причина за паѓањето на зградата, може да биде земјотресот што пред две недели погоди делови од Пакистан и Авганистан, но повеќето претпоставуваат дека вината треба да се бара во лошите работење на локалните градежници.
Во септември минатата година, 24 лица загинаа во Лахоре, кога се урна покривот на една џамија, а други 17 настрадаа во 2012 година, кога во овој пакистански град се урна една фабрика.