ВИДЕО: Спасувачите не можат да стигнат до затрупаните под театарот во Мариупол поради бомбардирањето

Од:

Спасувачите сè уште копаат низ урнатините за да стигнат до сите преживеани по нападот во средата врз театарот во Мариупол.

Досега се извлечени околу 200 преживеани и се верува дека сите преживеале. Се верува дека повеќе од 1.000 луѓе нашле засолниште во театарот.

Иако не е познат ниту бројот на луѓе, ниту бројот на преживеани, според досегашните изјави се верува дека нема загинато. Скај њуз пишува дека властите не сакаат да зборуваат или да проценуваат какви би можеле да бидат бројките.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави дека спасувачките операции се уште се во тек.

1.300 луѓе се во засолниште под разурнатиот театар

Народниот правобранител за човекови права Људмила Денисова во телевизиско обраќање рече дека спасувањето е во тек и дека во скривницата под театарот во Мариупол се уште има 1.300 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија