Спасени сите заглавени рудари од рудникот во Канада

Од:

Рано утринава по канадско време се спасени преостанатите четворица од вкупно 39-те заробени рудари во рудникот Тотен, во близина на градот Садбери, во канадската провинција Онтарио. Тие денеска безбедно излегоа од рударското окно, соопшти компанијата „Вале“, сопственик на рудникот.

Како што претходно веќе беше јавено, 39 рудари останаа заробени под земја, на голема длабочина, поради несреќата што во неделата се случи во рудникот. Поголемиот дел од нив вчера и завчера се извлекоа со скала или јажиња со помош на спасувачите.

-Последниот рудар на површината се појави во 5 часот утринава по локално време и веднаш со Брза помош беше однесен во болница, пред се, како мерка на претпазливост, изјави портпаролот на компанијата Џеф Луис, кој додаде дека рударот до возилото отишол самиот и притоа се поздравувал со спасувачите.

Рударите беа заробени во неделата кога една кофа за црпење руда што била испратена до окното се откачила и го блокирала лифтот, додека некои од нив биле на длабочина и од 1.200 метри, наведе компанијата.

Министерството за труд на провинцијата Онтарио соопшти дека екипа инспектори ќе ја испита несреќата. Компанијата, исто така, изјави дека ќе спроведе истрага.

Компанијата претходно соопшти дека рударите под земја биле во специјални засолништа и имале пристап до храна, вода и лекови, пред да почнат да се качуваат по окното.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски