Спасени околу сто лица од бродоломот на Филипините

Од:

Најмалку две лица загинаа, а околу сто се спасени откако ферибот се преврти во централниот дел на Филипините, соопшти денеска филипинската Служба за цивилна заштита.

Синоќа Службата информира дека според официјалните податоци во време на несреќата, што се случила кај осторовот Лејте, на бродот имало 58 патници и 26 членови на екипажот.

Меѓутоа, бројот на досега спасените лица е многу поголем од официјалната цифра на регистрирани патници на фериботот, па затоа спасувачките екипи продолжуваат со потрага по преживеани или загинати.

Причина за превртувањето на бродот „Махарлика“ најверојатно е невремето проследено со силни ветрови и големи бранови.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати