Спасени 86 имигранти од морето меѓу Шпанија и Мароко

Од:

Шпанската и мароканската крајбрежна стража денеска спасиле 86 илиегални имигранти кои се обидувале до чамци да стигнат до јужниот брег на Шпанија.

Портпаролката на шпанската крајбрежна стража изјави дека спасувачката операција била координирана од пристаништето Тартифа.

Шпанската крајбрежна стража спасила 70 луѓе од десет чамци, додека мароканските власти спасиле 16 лица од два чамца.

Во Гибралтарскиот проток вчера се пронајдени 36 илегални имигранти кои се обидувале да стигнат до Шпанија.

Африкански илегални имигранти речиси секојдневно се обидуваат да стигнат до европските држави прекуморски пат од Мароко или по копнен пат преку шпанските енклави во северниот дел на Мароко – Сеуте и Мелил.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени