Спасени 150 скијачи кои беа блокирани во ски-лифтови поради невреме

Од:

Спасувачките служби успеаја да спасат околу 150 скијачи и планинари блокирани на станицата на ски-лифтот што не можеше да функционира поради бурните ветрови во италијанскиот зимски спортски центар Валсесија во близина на градот Верчели, објавија денеска италијанските медиуми.

Група скијачи и планинари беа заробени на станицата за ски-лифт Пасо деи Салати, а спасувачите почнаа да ги симнуваат по долината со помош на моторни санки, пренесе Анса.

Временските услови го отежнуваат нивниот транспорт бидејќи на некои делници нема доволно снег за санки, додека на други мразот го спречува пристапот до возилата на тркала.

Според Алпската спасувачка служба, во моментов нема критични ситуации, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он