Создадена првата вештачка медуза

Од:

Научниците во САД создадоа вештачка медуза направена од срцеви клетки која плива како и природната. Членовите на тимот со собрани срцеви мускули од староци и силиконска основа го „изградија“ телото. Користат електрични шокови за да предизвикаат контракции кај медузата со која таа подоцна плива и личи на вистинска медуза.

Ова откритие служи како доказ за обратениот процес на создавање на различни мускулни органи и едноставни форми на живот.

Бидејќи медузата ги користи своите мускули за да плива, начинот на кој функционираат тие во многу основи е ист како и работата на човечкото срце.

„Ги гледав морските организми како морааат да „пумпаат“ за да преживаат“, изјави Кевин Кит Паркер, професор по биоинженеринг и применета физика на Харвард.

„Потоа ја видов медузата во аквариумот и забележав дека нејзиниот живот е ист како и работата на човековото срце“.
Овие сличности можат многу да помогнат во иднина и да се направи „био – пумпа“ што ќе може да се искористи како помошно средство во животот на луѓето.

Професорот Паркер изјави дека сака да ја оспори традиционалната визура на синтетичката биологија што е „фокусирана на генетски манипулации со клетки“. Наместо да направи некој нов вид на мобилен, тој се обидува да направи вештачки ѕвер.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска