Советот на Европа апелира на заштита на малолетните мигранти

Од:

Европските држави треба да преземат подобри мерки за заштита на младите мигранти – деца и тинејџери – од опасноста од сексуално насилство на кое може да бидат изложени од страна на кримучарите со луѓе или мрежите за проституција, порача синоќа Советот на Европа.

Во соопштението на оваа паневропска организација се нагласува дека во целиот проблем со мигрантскиот прилив, посебно загрижувачка е положбата на малолетните мигранти кои во Европа доаѓаат без придружба на повозрасен член на нивното семејство.

– Овие млади луѓе се посебно ранливи. Тие лесно стануваат цел на криминалците. Криумчарите им ветуваат помош за да ги однесат во земјата во која што сакаат да одат и така тие може да станат жртви на проституција, изјави претставничката на Советот на Европа, Џоја Скапучи.

Во соопштението се посочува дека многу девојчиња кои од Западна Африка пристигнале во Италија, се принудени на проституција со цел да им го платат дологот за „транспорт“ на криумчарите на луѓе.

Таквите постапки нејчесто не се регистрираат и затоа се занемерени, од една страна поради тоа што националните власти не се во можност да ги спречат, а од друга страна и затоа што самите жртви ретко говорат за тоа што го преживуваат, се истакнува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски