Советот на ЕУ воведува превентивни мерки против коронавирусот

Од:

Советот на ЕУ од денеска воведува превентивни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус во европските институции. Мерките стапуваат веднаш на сила.

Советот испрати соопштение во кое се вели дека со овие мерки се редуцира бројот на состаноци во зградата на Советот во Брисел исто како и сите подготвителни состаноци на работните групи. Претседателството на Советот, ќе одлучува, случај по случај, кои состаноци можат да се одржат а кои ќе бидат одложени.

Втората мерка е намалувањето на бројот на учесници на состаноците што мораат да се одржуваат. Потоа, сите групи на посетители ќе бидат суспендирани. Персоналот на Генералниот секретраија на Советот се покануваат да ги ограничат, колку што е можно, интерните средби и да продолжат ригорозно да ги следат мерките за хигиена препорачни од здравствените власти.

Освен тоа, списокот на зони со рестрикции за патувања редовно се ажурира со оглед на последните одлуки на италијанските власти.

Одговорните тела во Советот на ЕУ сметаат дека сега вирусот е присутен во најголем дел од земјите членки на ЕУ, влкучително и Белгија, и дека оваа ситуација ќе продоложи. Генералниот секретаријат на ЕУ вели во соопштението дека ќе ги следи протоколите доколку бидат потврдени нови случаи на зараза со коронавирусот помеѓу персоналот и во зградите на оваа институција

Еден од функционерите на Советот на ЕУ е заразен со коронавирусот, преку “локална трансмисија” на вирусот, што значи дека не патувал во ризичните подрачја туку се заразил во Белгија. Ова лице присуствувало на состанок на кој било присутно друго лице што веќе било заразено со ковид-19.

Хрватската амбасадорка при ЕУ Ирена Андраш одлучи да се изолира во текот на 14 дена откако учествувала на состанок на кој бил присутен и функционер позитивен на Ковид-19.

Едно од европските училишта во Брисел одлучи да затвори во текот на најмалку два дена откако еден родител бил заразен од коронавирусот.

Првиот случај во ЕУ институциите беше во Агенцијата за одбрана. Вирусот кај него е најден по неговото враќање од работна мисија во Италија.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани