Совет за безбедност: САД повторно стави вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Од:

Соединетите Држави денеска повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, третпат откако избија борби околу палестинската енклава на 7 октомври. Од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за резолуцијата предложена од Алжир, додека Велика Британија беше воздржана, пренесе Ројтерс.

„Гласањето за оваа резолуција е поддршка за живеење на палестинскиот народ. Напротив, гласањето против резолуцијата значи поддршка на брутално насилство и колективно казнување“, изјави алжирскиот амбасадор во ОН, Амар Бенјама.

Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд денеска изјави дека секоја акција преземена од Советот за безбедност би значело мешање во „чувствителните, тековни преговори“.

„Сметаме дека резолуцијата ќе има негативно влијание врз преговорите. Барањето итен, безусловен прекин на огнот, без договор кој бара од Хамас да ги ослободи заложниците, нема да донесе одржлив мир. Наместо тоа, борбата меѓу Хамас и Израел ќе продолжи“, рече Гринфилд.

Би можело да ве интересира

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за прекин на огнот во Газа, ќе ги ослободиме заложниците

ИДФ го нападна појасот Газа по ракетата, наводно, истрелана од енклавата

Хамас го одложи ослободувањето на израелските заложници до понатамошно известување

А1он