Совет на Европа: Признавањето на таканаречените ДНР и ЛНР од Русија е спротивно со меѓународното право

Од:

Признавањето на таканаречените „народни републики“ на Доњецк и Луганск од страна на Руската Федерација е во спротивност со меѓународното право и претставува еднострано кршење на договорите од Минск – кои остануваат единствената основа за решавање на конфликтот во Донбас, се наведува во изјавата на генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, јави дописникот на МИА.

Советот на Европа ја потврдува својата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

-Ја повикуваме Руската Федерација да ја повлече оваа одлука и да се воздржи од дополнително влошување на ситуацијата, вели Марија Пејчиновиќ Буриќ.

„Ние упорно ги повикуваме нашите земји-членки да го решат своето несогласување преку дијалог заснован на почитување на принципите содржани во Статутот на Советот на Европа и во Европската конвенција за човекови права“, нагласува генералниот секретар на Советот на Европа

-Признавањето на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск од страна на Руската Федерација е во спротивност со меѓународното право и претставува еднострано прекршување на договорите од Минск – кои остануваат единствената основа за решавање на конфликтот во Донбас, рече претседателот на ПССЕ, Тини Кокс.

Претседателот на ПССЕ и генералниот секретар на Советот на Европа, ја повикуваат притоа Руската Федерација да ја повлече оваа одлука и да се воздржи од дополнително влошување на ситуацијата.

Тини Кокс, притоа во својата изјава вели дека „ќе му предложи на ПССЕ да расправа за ова прашање итно, особено на Постојаниот комитет во Берлин на 11 март 2022 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин нареди 30-дневен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Песков: Приказните за можно испраќање војници од земјите на НАТО во Украина се опасен тренд

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија